Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

При ископ за изградба на објект во „Св. Стефан“ оштетена главната водоводна линија

Охрид, 31. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – При вршење на ископ за изградба на објект од страна на градежна компанија во населбата „Св. Стефан“, настанат е дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка (салонит) со профил ф160 мм.

– Водоснабдувањето е во прекин од 11:00 часот, на потегот во населбата „Св. Стефан“, на потегот од хотел „Гранит“ до „Горица 2“, информираат од ЈП „Водовод“ од Охрид, од каде додаваат дека остануваат на терен до целосно завршување со санацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука