Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

За Илинден ќе биде отворена „Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“

Охрид, 31. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Па активностите на конзерваторскиот тим од на НУ завод и Музеј Охрид за конзервирање и подготовка, во петок, на 2. август 2024 година, за големиот празник Илинден, ќе биде отворена изложбата на слики од Вангел Наумовски кои се во сопственост на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид.

„Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“ ќе биде отворена во петок со почеток во 20:00 часот, а куратор е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната Галерија од Скопје.

Конзерваторскиот тим кој работеше на овој проект изврши детална проверка на делата, отстранување на нечистотијата, китирање и поправка на оштетените делови на сликите и ретуширање на оштетените од човечки фактор покрај временски и атмосферски фактор сликарски површини. Во овој краток период се привршија најважните чекори за заштита на оваа значајна збирка за изложбата „100 Години од раѓањето на Вангeл Наумовски“, која претставува дел од годишната изложбена програма на НУ Завод и Музеј од Охрид.

Тимот го сочинуваат Катерина Велкоска, кустос, раководител на проектот „100 Години од раѓањето на Вангeл Наумовски“, Сашо Блажески, конзерватор за штафелајно сликарство и Никола Патчев, виш конзерватор за ѕидно сликарство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука