Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 33. степени

Охрид, 2. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 33. степени.

– Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, а попладне претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Во деновите од викендот, особено во сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука