Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ-ОА: Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив

Охрид, 5. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив.

Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставени на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе мртви одошто живи ги фрлија во оган.

Силата Божја ги зачува неповредени од огнот. Тогаш ги извадија и ги убија со меч. А Господ ги прослави и на земјата и во Своето небесно царство.

Чесно пострадаа во Ликија, во 308 година.

Тропар

Маченици свети Христови, вие браќа по вера станавте, напоени и закрилени од благодатта, мачењата за ништо ги сметавте, Трофиме, Теофиле и останатите, глава на исекување подадовте, но Главата во себе ја сочувавте, молете се, о вие небесни цветови, плодната земја за спасение да се умножи, семето Христово во неа плод да донесе. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука