Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Турско, кафе со млеко или филтер, знаете ли која е најздравата опција за вас?

Охрид, 5. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Направени се многу истражувања за влијанието на кафето врз човечкиот организам, а докажано е дека начинот на кој се подготвува кафето во голема мера влијае на тоа колку популарниот топол пијалок е штетен или корисен за организмот.

Според експертите, турското кафе и еспресо се најопасни за човечкото тело.

– Овие кафиња содржат поголеми количини на хемикалиите кафестол и кахвеол, кои имаат негативен ефект врз кардиоваскуларниот систем, а исто така го зголемуваат нивото на нездравиот (LDL) холестерол и триглицеридите во крвта, изјави за CNN нутриционистката Lisa Drayer.

Кафе со млеко и капучино се на второто место. Вака подготвените кафиња содржат повеќе калории бидејќи содржат млеко, па затоа систематското консумирање кафе со млеко може негативно да се одрази на фигурата.

Филтер кафето според Drayer е најкорисно.

– Вака подготвеното кафе содржи најмалку штетни материи, покажува истражувањето објавено во European Journal of Preventive Cardiology. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука