Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна „Летниот камп 2024“ покрај Охридското Езеро

Охрид, 5. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Агенцијата за иселеништво, на 1. август свечено беше отворен „Летниот камп 2024“ што се одржува во Конгресниот центар покрај Охридското Езеро.

На отворањето на младите учесници им се обрати директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски и им посака летна дружба, нови другарувања и незаборавен престој во татковината.

На Кампот присуствуваат деца од Велика Британија, Србија, Хрватска, Шведска, Канада и Германија. Дружбата ќе трае до 8-ми август, уживајќи во летните спортски активности како одбојка, ракомет, кошарка, пинг понг, бадмингтон и пливање.

Директорот Близнаковски им додели благодарници на сите деца за нивното учество, со надеж дека новите пријателства од Кампот ќе продолжат да траат и во иднина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука