Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Минофрлачка граната од Првата светска војна пронајдена во езерото кај Пештани

Охрид, 5. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти август 2024 година, околу 14:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Езеро, кај селото Пештани, била пронајдена минофрлачка граната од Првата светска војна.

– Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука