Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

In memoriam: Почина новинарот Саше Димовски

Скопје, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 47 годишна возраст, по долги и тешки здравствени компликации, почина новинарот Саше Димовски.

Во јавноста беше познат во однос на следењето на случувањата во правосудниот систем.

Беше Претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова. Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, а беше основач на „Сведок.мк“.

Беше и долгогодишен соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството и автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Погребот ќе се изврши во среда, на 7-ми август 2024 година, на новите Градски гробишта во Велес. (Крај)

извор: Тв Телма фото: Тв Телма

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука