Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во четврток и петок ќе се одржи традиционалната крводарителска акција за празникот „Св. Климент“

Охрид, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св. Климент“, и оваа година ќе се реализира во спортската сала при ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Ќе се одржи во четврток, 8-ми август 2024 година, во периодот од 19:00 до 24:00 часот и во петок, на 9-ти август, од 09:00 до 13:00 часот.

– Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција, потенцираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука