Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Возило излета ноќеска од коловозот на улицата „Железничка“, повредени четири лица од кои две малолетни

Охрид, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти август 2024 година, во 23:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Железничка“ во Охрид, патничко возило марка „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 39-годишно лице од Охрид, излетало надвор од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, како и 34-годишна жена и двајца малолетни сопатници во возилото, сите од Охрид. Повредите биле констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука