Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Александар Маленко на денешен ден во 1993 година стана најмлад учесник во историјата на маратонското пливање во светот

Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Своевремено беше еден од најголемите таленти во светот во својата генерација. Некогашниот пливачки ас, охриѓанецот Александар Маленко своевремено на неговиот профил на Facebook не потсети на далечната 1993 година, кога на денешен ден стана најмлад учесник во историјата на маратонското пливање во светот.

– На денешен ден, 9-ти август пред 30 години, во Охрид во 1993 година, на официјална трка од ФИНА Светски Куп во далечинско пливање на 30 километри, Македонија го доби најмладиот учесник во историја на маратонско пливање во светот. Александар Маленко, кој на возраст од 14 години ја преплива трката „Климе Савин“, од Охрид до Св. Наум со официјален резултат за најмлад пливач кој преплива официјална трка од Светски Куп во должина од 30 километри и ден денес, после 30 години, претставува Гинисов рекорд, се’ уште несоборен. Вие „експерти“ продолжете и понатаму со протежирање кон младите напредна рекреација и лажни спортски вредности, напиша Маленко.

Александар Маленко е поранешен пливач, кој се натпреваруваше за Македонија на Летните олимписки игри во 1996 и 2004 година. (Крај)

извор: reporter.mk фото: reporter.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука