Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Најсреќните луѓе во светот практикуваат едноставна навика

Охрид, 13. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Повеќето луѓе ќе направат се’ за да бидат посреќни. За некого тоа е заработка на повеќе пари, подобра работа и слично. Сепак, научниците открија дека парите и успехот можеби не се клучот за среќата, туку нешто поедноставно.Задоволството од животот е поврзано со личноста и повеќе отколку што мислевме.Личноста обично се формира постепено преку илјадници искуства и генетски фактори, подеми и падови, вели истражувачот и психолог д-р Rene Mottus од Универзитетот во Единбург.Научниците ги анализираа деталите за животот на повеќе од 20.000 луѓе, проучувајќи сè, од задоволството од работата и банкарските салда, до здравјето, каде живеат, врските, па дури и нивниот изглед. Потоа ги споредија резултатите со повратните информации од најблиските на овие луѓе за да добијат најрелевантни резултати.

80 проценти од она што влијае на среќата на луѓето доаѓа од нивниот карактер

Истражувачите откриле дека изразувањето на вашите желби може да биде клучот за среќен живот. Тие истакнаа дека 80 проценти од она што влијае на среќата на луѓето доаѓа од нивниот карактер.– Општо земено, позадоволните луѓе беа емотивно постабилни и поекстровертни. Но, поконкретно, оние кои беа задоволни со својот живот се чувствуваа разбрани, возбудени и одлучни, додека помалку задоволните луѓе чувствуваа завидливост, истакна д-р Mottus.Иако студијата првенствено се фокусираше на возрасни Естонци, резултатите беа исти и за низа други  националности и групи на луѓе. За многумина, се чини дека задоволството опаѓа со текот на времето, но обично се враќа на приличното стабилно ниво.– Кога искуствата имаат значајно влијание, тие можат да ги променат луѓето на подлабок и суштински начин. Сепак, за ова е потребно време и не се случува често, заклучува д-р Mottus.

(Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука