Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Ако имате над 50 години, престанете со оваа навика

Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нашите секојдневни навики имаат најголемо влијание врз нашето здравје, вклучувајќи го и очекуваниот животен век.

Она што го правиме редовно е поважно од повремената диета, учество во разни фитнес предизвици еднаш годишно или обврзување на редовно вежбање неколку недели, за да се вратиме на стариот начин на живот кога ќе ни помине мотивацијата.

Можеби веќе знаеме дека треба да направиме некои промени за доброто на нашето здравје, но не сме сигурни од каде да почнеме. За луѓето кои имаат 50 или повеќе години и сакаат да почнат да живеат здраво, лекарот и експертот за долговечност, д-р Gowri Reddy Rocco, препорачува сериозна промена за почеток.

Според неа, од клучно значење да се сведе внесот на шеќер и алкохол на минимум.

– Прекумерното консумирање шеќер и алкохол е една од најлошите навики за долговечност бидејќи предизвикува високи нивоа на воспаленија што негативно влијае на целокупното здравје, вели таа.

Објаснува дека исхраната богата со високо преработена храна, полна со додаден шеќер, може да предизвика отпорност на инсулин, што може да доведе до дијабетес тип 2.

– Истражувањата покажаа дека високиот шеќер ги храни клетките на ракот, придонесувајќи за поголем ризик од Алцхајмерова болест, срцеви заболувања, висок крвен притисок и дебелина, вели д-р Gowri Reddy Rocco.

Што се однесува до алкохолот, д-р Rocco наведува дека прекумерното консумирање алкохол доведува до зголемен ризик од хронични болести, вклучувајќи Алцхајмерова болест, срцеви заболувања, висок крвен притисок и дебелина. Ова е особено важно со оглед на тоа што употребата на алкохол е во пораст кај возрасните постари од 50 години. Според едно истражување, се проценува дека околу 20 отсто од лицата на возраст помеѓу 60 и 64 години и околу 10 отсто од возрасните постари од 65 години во моментов пијат прекумерно.

– Добрата вест е дека ако внесуваме помалку шеќер и обработена храна, секако со минимално внесување на алкохол во организмот, во голема мера да ги намалиме овие проблеми, забележа д-р Rocco. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука