Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 34. степени

Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 34. степени.

– Во следните денови, во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука