Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на булевар „Туристичка“, повредена 67-годишна жена од Охрид

Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти август 2024 година, во 18:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од булевар „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ се случила сообраќајна несреќа во која е повредена 67-годишна жена од Охрид.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Рено мастер“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 58-годишно лице од охридското село Горно Лакочереј и велосипед управуван од 67-годишната охриѓанка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука