Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Бројни медали за охридските стрелци на турнирот „Илинден 2024“

Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Успешно заврши овогодинашниот турнир во гаѓање со воздушно оружје „Илинден 2024“ во организација на стрелачкиот клуб „Охрид“, а под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка федерациј

а.

Учество зедоа речиси сите клубови од државата и три стрелачки клубови од Бугарија: „Санел” од Сандански, „Пирин” од Благоевград и „Тракиа” од Пловдив со околу 60-на стрелци од сите возрасни категории. И оваа година своето учество го откажаа клубовите од Грција, Црна Гора, Косово и Албанија (поради користење на годишни одмори).

Во исклучително силна конкуренција, стрелците од охридските клубови успеаа да освојат бројни медали во речиси сите категории и во двете дисциплини.

Во категорија сениорки пушка Ива Маленко од СК „,Охрид” освои златен медал, со константен резултат од 597,5 кругови. Во категорија јуниори пушка репрезентативецот Кристијан Балоски од СК „Охрид” се пласира на третата позиција со огромен пад во неговиот резултат од 582,8. Во истата категорија, Бојан Спасеновски од ЖСК „Лихнидос” се пласира на 5-та позиција со резултат од 578,7 кругови.

Во категорија јуниорки пушка Теодора Спироска од СК „Охрид” беше седма со резултат од 571.6 кругови, Драгана Локоска на деветтата позиција, додека Ана Танеска на десеттата позиција.

Во категорија на помлади јуниорки-пушка (до 15 години) свој дебитантски настап имаше Ирина Кусева од СК „Охрид” која со резултат од 320,7 кругови се пласира на 4-та позиција, додека нејзината клупска другарка Деа Стојаноска со заостанување од 0,1 кругови се пласира на 5-та позиција.

Во дисциплината воздушен пиштол-јуниорки, Стефани Савеска од ЖСК „Лихнидос” застана на вицешампионската позиција со резултат од 532 кругови. На третата позиција се пласира Наталија Савеска од истиот клуб со резултат од 531 круг.

– Кај јуниорите на пиштол Иван Милевски од СК „Охрид” се пласира на вицешампионската позиција со резултат од 533 кругови, додека Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос” беше трет. Кај помладите јуниори Никола Тодороски од СК ,,Охрид” се пласира на третата позиција. Во конкуренција на сениори пиштол најдобро пласиран од охридските клубови беше Даниел Михајловиќ од ЖСК „Лихнидос”. Велибор Балоски од ЖСК „Лихнидос” и овој пат не успеа да застане на пиедесталот, па мораше да се задоволи со со 4-та позиција со резултат од 514 кругови. Неговиот клупски другар Ванчо Каранфилов се пласира на 5-та позиција со резултат од 510 кругови. Кај сениорките на пиштол Валентина Гоџоска од ЖСК „Лихнидос„ се закити со бронзен медал, со резултат од 515 кругови, информираат од СК „Охрид“.

Оттаму упатија честитки на сите медалисти, спортисти и гости и благодарност до Општина Охрид и МССФ за поддршката на турнирот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука