Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 30. степени

Охрид, 18. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 30. степени.

– Од денес до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука