Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

In Memoriam: Почина академик Глигор Каневче

Охрид/Битола, 18. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 78 години почина академик Глигор Каневче, научник и професор од областа на енергетиката, животната средина, термотехниката, термоенергетиката и процесната и мерната техника.

Роден во Охрид, поголемиот дел од животот го помина во Битола. Дипломирал на Машинскиот факултет во Белград (1969 година), а докторската дискретација ја одбранил на Техничкиот факултет во Нови Сад (1982 година). Од 1970 до 1983 година беше водечки истражувач во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча, а потоа работеше како професор на Техничкиот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, јави порталот сдк.мк.

Има престојувано и одржано предавања во повеќе земји, каде што остварил богата научна соработка.

Од 1990 до 1992 година беше раководител на постдипломските студии по процесно инженерство на Техничкиот факултет во Битола, каде што беше и декан (1995-1997 година). Беше претседател на Сенатот на Универзитетот во 2003 година.

Од 2000 година беше член на Македонската академија на науките и уметностите, како и член на МНД во Битола од 1986 година.

Погребот ќе се одржи утре од 12:00 часот на Градските гробишта во Охрид. (Крај)

извор: сдк.мк фото: сдк.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука