Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Една чаша од овој сок помага за намалување на крвниот притисок

Охрид, 28. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Хипертензијата, односно високиот крвен притисок, е потенцијално опасна состојба. Ако некое лице има висок крвен притисок, тоа значи дека неговото срце треба да работи понапорно од вообичаено за да пумпа крв.

Со текот на времето, ова создава дополнителен притисок врз срцето, крвните садови и другите органи. Покрај тоа, ако не се лекува, може да има сериозни последици, како што се мозочни и срцеви удари. Познато е дека исхраната е главен фактор што придонесува за хипертензија, а храната богата со сол е еден од главните виновници.

Тоа е затоа што солта му помага на телото да ја задржи водата, зголемувајќи го крвниот притисок. Меѓутоа, она што го јадеме и пиеме може да има спротивен ефект.

Тим од Универзитетот Queen Mary во Лондон откри дека пиењето сок од цвекло секој ден има значително влијание врз крвниот притисок. Тие откриле дека чаша сок од цвекло од 250 милилитри резултирала со просечно намалување на крвниот притисок за околу 8/4 mmHg.

Истражувачите потенцираат дека ова е значајно бидејќи се смета дека секое зголемување на крвниот притисок од 2 mmHg се зголемува веројатноста за смрт од срцеви заболувања за седум проценти, а од мозочен удар за десет проценти.

Придобивките од цвеклото за намалување на крвниот притисок се поврзани со високите нивоа на нитрати во исхраната кои се наоѓаат во ова растение. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука