Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Охрид, 22. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Неколку охридски улици претпладнево без вода.

– Поради интервенција на водоводната мрежа, денес до 11:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „АСНОМ“, „Галичица“, „Мирче Ацев“, „Карпош Војвода“, „Ванчо Питошески“ , „Билјанини Извори“ и „Никола Карев“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Нивни екипи се на терен и работат на санирање на состојбата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука