Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Почнува 13-от Фер плеј куп, учествуваат над 2.000 натпреварувачи од 8 земји

Охрид, 22. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до недела во Охрид, по 13-ти пат ќе се одржи Интернационалниот Фер плеј куп.

На спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ ќе продефилираат околу 120 екипи од 8 држави.

– На СРЦ „Билјанини извори“ ќе се одржи најмасовниот спортски настан, дел од него ќе бидат над 2.000 учесници. Финалните натпревари се закажани за недела 25-ти август, а доделувањето на наградите е од 18:00 часот. Ги покануваме сите љубители на спортот и фудбалот да дојдат и да уживаат во натпреварите, велат за Супер радио и OhridPress организаторите, клубот „Фер плеј“.

Денешните натпревари започнуваат од 15:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука