Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Во Охрид стартува 4. Интернационална едриличарска регата во организација на клубот „Акватика Јахтинг“

Охрид, 22. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид стартува четвртото издание на Меѓународната едриличарска регата „Охрид 2024“, во организација на едриличарскиот клуб „Акватика Јахтинг“ од Охрид.

Овој пат регатата, која четврта година по ред се организира на Охридското езеро, е во рамките на манифестацијата „Оhrid Water festival“ која е под покровителство на Општина Охрид.

На регатата и претходеше и еднонеделниот едриличарски тренинг-камп на кој учесниците разменија меѓусебни икуства за дополнителен развој и напредок на едрењето во регионот. (Крај)

извор: Екипа фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука