Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 32. степени

Охрид, 23. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.

– Денеска и утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука