Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: На Икарија, грчкиот остров на долговечноста не можат без оваа состојка: „Ја користиме секој ден“

Охрид, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Diane Kochilas пораснала на Икарија, грчкиот остров на долговечноста, место кое е вброено меѓу сините зони, односно деловите од светот каде е регистрирана најголема концентрација на лица на возраст од сто и повеќе години.

На овој остров сите јадат мед, но и лук, кој за нив е повеќе од обична состојка и додаток на храната.

– Лукот е една од клучните компоненти на медитеранската исхрана. Го користам секој ден во речиси секој оброк кога готвам за себе или за моето семејство, вели Kochilas.

Денешните жители на Икарија велат дека не можат без лукот, кој е третиран и како народен лек.

– Многу за корисните својства на лукот научив од стариот семеен пријател, Yiorgos Stenos, пчелар во 90-тите години од минатиот век. Тој живее и се храни на начинот на кој тоа го правеле старите жители на островот – едноставно и со цел. Тој сè уште работи и се врти кон природата како кон прво засолниште и лек за повеќето болести, додава таа.

Точка

Од Stenos дознала за стариот лек, пијалок од жалфија, планински чај, боров мед и лук кој, како што рекол, „бил пеницилин на неговата генерација“.

– Тој порасна правејќи ја оваа природна инфузија како превентивен лек. Ми кажа дека оваа народна медицина ги одржувала здрави цела зима, истакнува Kochilas.

Науката потврди дека лукот може многу да помогне во зајакнувањето на имунолошкиот систем и да го намали крвниот притисок. Исто така, се покажа дека лукот помага во намалување на „лошиот“ LDL холестерол кога се консумира редовно. (Крај)

извор: index.hr фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука