Струга, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти август 2024 година, во 19:00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Подмолје-Струга, излетало од коловозот патничко возило марка „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 36-годишно лице од скопското село Батинци.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, додека со телесни повреди се здобиле 27-годишен сопатник, малолетник и возачот, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 52