Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Јане Петков синоќа одржа презентација за неверојатните можности на човечкиот дух

Охрид, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите предвидени со годинешното издание на Охридскиот Фестивал на Вода 2024 – Ohrid Water Festival, синоќа, во просториите на Црвен крст Охрид, бројни охриѓани имаа можност да ја проследат презентацијата на тема „Неверојатните можности на човечкиот дух“ во просториите на Црвен крст Охрид, на која презентерот Јане Петков од Сандански, Бугарија откри интересни техники за дишење и медитација пред неговиот нов подвиг.

Од таканаречениот „човек амфибија“ Јане Петков тие можеа да слушнат за неверојатните можности на човечкиот дух, за силината на мислата и вољата која во комбинација со посебни техники на дишење тој ги применува во животот, а особено при изведување на подвизи кои се граничат со човечките можности.

Јанко Петков е роден на 6-ти август 1954 година во градот Сандански, во Пиринска Македонија. Натпреварувач на пливачкиот клуб „Вихрен“ од 1960-тите. Добитник на многу медали од натпревари во Бугарија и Грција. На почетокот на 1990-тите, тој постави уникатен рекорд за пливање 2.100 метри под вода во базен за нешто повеќе од еден час, земајќи здив секој пат кога ќе го допре ѕидот. Оттука и неговото име „Човек амфибија“. Има рекорди за препливување на реката Дунав врзан во вреќа, подобрување на рекордот на Индиецот Гопал-Карли во Охридското Езеро во 2013 година.

Eден од предизвиците на седумдесетгодишниот Јане Петков ќе биде и денешниот, врзан со лисици на рацете и во вреќа, потопен на дното на Охридското езеро, да се ослободи и излезе на површината од езерото. Овој атрактивен настан започнува во 12:00 часот на плажата „Сараиште“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука