Избор Македонија

Почина новинарот Менде Младеновски

Битола, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – По кусо боледување денеска почина Менде Младеновски (1955-2024), долгогодишен новинар и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“.

Неговиот придонес во македонското новинарство е огромен, а меѓу колегите ќе остане запаметен како голем професионалец во новинарството кој целиот свој работен век му го посвети на „Битолски весник“, но и како долгогодишен дописник на „Нова Македонија“.

Остана активен во новинарството до последните денови. Колумните на Младеновски се поместени во неговите авторски книги „Во прво лице“, во кои ги изнесуваше своите видувања и анализи за актуелните национални, регионални но и локални теми.

За својата новинарска посветеност и професионализам добитник е на бројни награди и признанија. (Крај)

извор: Фокус фото: Фокус

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука