Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 28. степени

Охрид, 28. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– Следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Особено поинтензивни процесите ќе бидат во четврток и петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме со силен ветер и град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука