Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Скопјанец во охридски авто камп со тврд предмет физички нападнал лице од Куманово, по што со моторна пила му се заканувал на жител на Грчец

Охрид, 28. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми август 2024 година, во 19:48 часот во СВР Охрид, 61-годишно лице од Куманово, со престој во Охрид, пријавило дека во авто камп во Охрид бил физички нападнат од страна на лице од Скопје, кое употребило тврд предмет.

– Исто така во 22:30 часот, 18-годишен жител од скопското село Грчец, пријавил дека истото лице му се заканувалo со моторна пила и бил каснат од неговото куче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука