Струга, 28. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Настаните случени на територија на Општина Струга доминираат во денешниот полициски Билтен: Физички нападнати две жени, грабеж во обложувалница, предизвикан пожар…
На 27-ми август 2024 година, во 18:00 часот во ОВР Струга, 37-годишна жена од струшкото село Враништа, пријавила дека околу 11:00 часот во селото, поради претходна расправија за паркинг простор, била физички нападната од страна на едно лице. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27-ми август 2024 година, во 18:30 часот во ОВР Струга, 55-годишна жена пријавила дека околу 16:30 часот на Градскиот пазар во Струга била физички нападната од страна на 27-годишно лице, двајцата од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27-ми август 2024 година, во 21:05 часот било пријавено дека во обложувалница во Струга, едно лице одзело пари од вработената, која во обид да го спречи паднала и се здобила со телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 27-ми август 2024 година, во 17:40 часот на локалниот пат од селото Велешта кон Октиси, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга, лишиле од слобода 38-годишно лице од Велешта, поради тоа што во атарот на селото предизвикал пожар. Од страна на Територијалната противпожарна единица од Струга пожарот бил изгаснат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес