Струга, 30. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 68-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– Пријавениот, на имот во Струга, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградил приземен деловен објект, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 51