Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Полицијата пронајде дрога кај 33-годишен охриѓанец, се обидел да ја сокрие кај девојката со која бил за време на прегледот

Охрид, 30. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривини дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „спречување на докажување“.

– Кривична пријава е поднесена и против 29-годишна охриѓанка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Полициски службеници при СВР Охрид извршиле преглед над пријавените, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а при прегледот првопријавениот се обидел дел да сокрие кај второпријавената, додека при претрес во домот и возилото на првопријавениот бил пронајден и одземен кокаин, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука