Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради дефект на мрежата, ноќеска без вода ќе бидат улиците „АСНОМ“, „Галичица“, „Мирче Ацев“, „Карпош Војвода“, „Ванчо Питошески“, „Билјанини Извори“ и „Никола Карев“

Охрид, 30. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, вечерва од 21:30 часот и во текот на ноќта без вода ќе бидат корисниците на улиците: „АСНОМ“, „Галичица“, „Мирче Ацев“, „Карпош Војвода“, „Ванчо Питошески“, „Билјанини Извори“ и „Никола Карев“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Додаваат дека санацијата на дефектот ќе се врши во раните утрински часови, а прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на истата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука