Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес претпладне сончево време, попладне нестабилно со услови за дожд и температура до 26. степени

Охрид, 31. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– Во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и град. Од утре следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука