Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

На патеката „Климе Савин“ денеска ќе се одржи 37. Охридски пливачки маратон

Охрид, 31. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На патеката „Климе Савин“ долга 25 километри, денеска ќе се одржи 37. издание на Охридскиот пливачки маратон.

Учество ќе земат вкупно 19 пливачи од девет земји, 11 во машка и 8 во женска конкуренција, кои ќе пливаат од Св. Наум до Охрид. Покрај домашните пливачи, на маратонот ќе учествуваат и пливачи од Франција, Холандија, Бразил, Хрватска, Аргентина, Данска, Турција и Косово. Република Македонија ќе ја претставуваат Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски и Росана Гошева. Наградниот фонд на маратонот изнесува 12.000 евра, од кои 2.000 евра се предвидени за најбрзите во двете конкуренции на две контролни бови.

Оваа година маратонската трка е дел од престижната „LEN World Aquatics“.

Организатор е Општина Охрид со поддршка на Претседателот на Република Македонија, Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор на настанот е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука