Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Два случаи на пожари во струшко во текот на вчерашниот ден

Струга, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, регистрирани се два случаи на пожари во поширокиот регион на Струга.

На 8-ми септември 2024 година, околу 09:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во ограден плац каде имало барака, сопственост на лице од Струга, лоциран во „Струшкото поле“ во близина на селото Мислешево, избувнал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

На 8-ми септември 2024 година, во 10:42 часот, во близина на куќа во струшкото село Горно Татеши, сопственост на 50-годишно лице од истото село, избувнал пожар. Притоа, изгорел дел од оградата, како и ниви во приватна сопственост, лоцирани околу локалниот пат во селото. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука