Штутгарт/Охрид, 10. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Веќе два дена на социјалните мрежи се објавува апел за помош при пронаоѓање на исчезнато лице, Наташа Совраноски, 25-годишна жена по потекло од Охрид, на која и се изгубил траг на втори септември во Штутгарт, Германија.
Таа живеела таму со партнерот кој е Германец, со кого имаат ќерка на возраст од една година. Во објавата даден е опис на младата мајка, и појаснето е дека последен пат била видена во 20:15 часот на втори септември.
„Фокус“ јави дека таткото на Наташа, Милчо Совраноски, за медиумот изјавил дека откако се објавил апелот, телефонот постојано му ѕвонел и роднини од сите краеви на светот го прашувале што се случило.
– Што да ви кажам, освен тоа дека нејзиниот партнер избрза со објавата која сега се споделува насекаде на социјалните мрежи. Наташа е возрасна и зрела жена, работи како обезбедување. Нејзиниот партнер, со кого имаат ќерка не е вработен, таа носеше се’ што е потребно во куќата. Имаа несогласувања и проблеми, затоа и мислам дека таа своеволно си заминала, вели таткото на Наташа, кој живее во Охрид.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: Фокус/Вики Клинчарова фото: архива