Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Информацијата за роботот Алшар објавена и на престижната регионална платформа Mixmag Adria

Охрид, 12. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за AI роботот Алшар стигна и до читателите на Mixmag Adria, регионална платформа посветена на клубската и Dj културата, кој е дел од групација која делува во 13 земји на 5 континенти и стигнува до огромен број читатели и следбеници од целиот свет.

По повод денот на независноста на Република Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, неодамна во клубот Rebel во Охрид го претстави својот најнов проект – хуманоидниот робот DJ Алшар, пишува Mixmag.

Покрај песната „Лорандит“, која е прогресивно техно, а сокрива стихови од песната „Заветна” во изведба на Бојана Скендеровски, Алшар избра да пушта и дела од современата електронска македонска музика, меѓу кои и „Ајде да летаме” на мултимедијалната група PMG.

– На севкупниот проект работеа повеќе професионалци од својата област, меѓу кои: Шабан Брзев, Марјан Јано, Влатко Домазетоски, Михаил Ангелески, Нубира Ајдиноска, Давид Трајкоски, Амир Ајдиноски, Александра Коровеш, Азра Демиши, Драган Георгиевски, Хадис Абуш, Meri Makeup, Сашо Митан и тимот на Супер радио, студенти од УИНТ „Св. Апостол Павле“, ученици од Гимназијата „Св. Климент Охридски“, како и меѓународни студенти преку програмата Еразмус+ од Франција, Малта, Украина, Латвија, Романија, Полска и други, пишуваат за Алшар од Mixmag Adria.

Mixmag Adria е регионална платформа која се занимава со најбрзо растечкиот музички сектор – електронската музика и клабинг културата. (Крај)

извор: Mixmag Adria фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука