Охрид, 15. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Александар „CacaNito“ Ќулукоски е еден од најдобрите македонски Counter Strike играчи кој за себе вели дека неговиот афинитет кон гејмингот опфаќа повеќе игри, но она што е негова специјалност и денешна кариера е Counter Strike.
За поткастот Wild Tales вели дека во својата кариера два пати го освојува златниот медал на Светското Еспорт Првенство, и еднаш Европското злато, како член на Македонската Counter Strike репрезентација.
Тој е еден од двајцата Македонци кои имаат настапувано на Major турнир во Counter Strike, во март месец 2024 година – Копенхаген, како дел од тимот на Apex, што го прави еден од најуспешните Еспорт играчи кои државата ги имала до овој момент. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива видео: Wild Tales