Охрид, 14. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Текбол Асоцијацијата на Република Македонија денеска во малата сала на Спортскиот Центар „Јане Сандански“ во Скопје се одржа државното првенство во текбол.
Охриѓаните Димитар Пејчиновски и Коста Трифуноски го освоија првото место во конкуренција на парови. Во двете конкуренции, сингл и дабл, Димитар Пејчиноски го освои првото место во поединечна конкуренција, додека Коста Трифуноски го освои третото место. Во конкуренција на парови двајцата го освоија првото место. Наградите на најдобрите им ги додели претседателот на асоцијацијата Марио Ѓорѓиев.
Текбол е вид на спорт што е основан во 2014 година во Унгарија од Габор Борсани, поранешен професионален фудбалер и Виктор Хусар, програмер. Текбол е игра меѓу двајца играчи како сингл, или меѓу три или четири натпреварувачи како игра во двојки и личи на пинг понг. Ултра популарниот спорт, што зема сѐ поголем замав, се игра на заоблена маса со топка слична на фудбалска, која се префрла со кој било дел од телото освен со рацете.
На меѓународно ниво, играта е претставена од Меѓународната федерација за тегбол (Fédération Internationale de Teqball-FITEQ). Голем број фудбалери од светска класа како Нејмар и Кутињо веќе учествуваа на вакви натпревари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива