Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Значително пониски температури, во Охрид облачно време со повремени сончеви периоди и температура до 16. степени

Охрид, 15. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со повремени сончеви периоди и услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Денеска ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа над 70 км/ч), а температурите ќе бидат во позначително опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука