ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанките Лина Луканова и Тамара Лазеска дел од македонската репрезентација во женски фудбал до 17 години, Албанија победена, денеска е на ред Италија

Охрид, 15. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанките Лина Луканова и Тамара Лазеска се дел од македонската репрезентација во женски фудбал која настапува на осмото издание на „Female Football Tournament“ во Италија.

Станува збор за меѓународен фудбалски настан за женските репрезентации до 17 години во организација на ASD Sms-Sport Movimento Salute.

Нашата репрезентација со 6-4 ја совлада соодветната репрезентација на Албанија, а беа подобри и од Словенија со 3-2.

Денеска, на последниот ден од настанот нашите млади репрезентативки ќе играат во финалето со Италија од 18:30 часот.

Лина Луканова има 16 години и тренира за клубот „AS United“ од Струга, чиј член е и Тамара Лазеска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Лина Луканова

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука