Струга, 17. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
– На 8-ми септември 2024 година, пријавениот на земјен пат во селото Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на друго лице, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 282