Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Дводневна Меѓународна научна конференција за услужен сектор во Охрид

Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) од Охрид денеска и утре ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024).

Денеска ќе се одржи регистрација на учесниците, а официјалното отворање на конференцијата е закажано за утре, 27-ми септември 2024 година, со почеток во 09:30 часот, во амфитеатарот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

На Конференцијата ќе учествуваат повеќе од 60 експерти од 20 научни и професионални институции од 11 различни земји.

– Овој настан ќе биде еден од најзначајните научни настани во Охрид во тековнава година, со големо влијание на развојот на научната мисла, иновациите и решавањето на предизвиците во услужниот сектор, не само во нашата земја туку и на глобално ниво, велат организаторите на Конференцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука