Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на улицата „Јане Сандански“, повредена малолетна девојка

Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти септември 2024 година, во 14:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило марка „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишно лице од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука