Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Возило излета од коловозот на улицата „Илинденска“, повредено лице од Велгошти

Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти септември 2024 година, во 15:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Охрид, патничко возило марка „Рено клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 67-годишно лице од охридското село Велгошти, излетало од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука