Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за охриѓанец: Во возилото во кое бил сопатник пронајдена марихуана

Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

– На 10-ти ноември 2023 година, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое пријавениот бил сопатник, при што под неговото седиште била пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука