ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Владината делегација предводена од унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Охрид (Видео)

Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот на Унгарија Виктор Орбан, денеска пристигна во дводневна официјална посета на Република Македонија, а попладнево, нешто по 17:30 часот пристигна во Охрид.

Тој ќе се сретне со македонскиот колега Христијан Мицкоски во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација. За утре е најавена и заедничка меѓувладина седница, а на маргините на посетата, најавено е Орбан да посети неколку од знаменитостите на Охрид како црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум. Предвидено е премиерите на двете земји да положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

Во Охрид полицијата ги презема неопходни безбедносни мерки, а за безбедно и непречено движење на делегацијата низ градот и околината најавен е времен режим на сообраќај. 

Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија. Виктор Орбан во 2013 година беше во официјална посета на земјава, кога го доби Орденот „8-ми Септември“ за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Република Македонија и Унгарија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука