Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Два нови случаи на узурпација на недвижности во Љубаништа и Трпејца

Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за два нови случаи на узурпација на недвижности во Љубаништа и Трпејца.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во својство на инвеститор на катастарска парцела во државна сопственост во Љубаништа, изградил метална ограда без да поседува решение за градење.

Во друг случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против три лица од Охрид на возраст од 57, 35 и 34 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На државен имот во селото Трпејца, охридско, каде сопственици се пријавените, бил пробиен пат со помош на механизација, при што била уништена вегетација спротивно на условите на Јавната установа, Национален парк „Галичица“. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука