Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Светски ден на туризмот

Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на туризмот, денот кога во 1970 година е усвоен статутот на UNWTO – Светската туристичка организација.

Целта на овој ден е да се подигне свеста за улогата на туризмот ширум светот и да се разбере колку е оваа гранка значајна на општествените, политичките, културните и економските вредности во секоја земја.

Светот не е ништо друго освен книга, а патувањето е најдобриот начин за читање на истата. Оние кои не патуваат, пропуштаат шанса да прочитат книга полна со авантури.

Охрид е најголемиот туристички центар во Република Македонија и е неизбежна дестинација за посета на модерните туристички номади, при секоја посета на нашата држава. Доаѓаат од целиот свет, а според официјалните податоци, најчесто го посетуваат гостите од Турција и Србија.

Токму затоа и овој ден е исклучително важен за нашата заедница. Нека е честит Светскиот ден на туризмот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука